Долгата врска не значи здодевност: Доживејте ја најжешката ноќ со партнерот

Можеби не ви изгледа инспиративно да останете со долгогодишниот партнер сами во домот, но тоа може да го претворите во нешто многу повеќе од гледање во телевизорот или здодевна вечер во која не се случува ништо интересно.

Доколку сте креативни секогаш постојат начини да ги зачините нештата. За таа цел, ви нудиме неколку идеи.

Гответе заедно

Готвењето не само што е забавно и корисно, туку може да биде и многу романтично и секси. Свеќи, убава музика, шише вино, малку по малку расположението ќе ве однесе во спалната соба.

Топла купка

Доколку не сакате да готвите, ова е една брза и едноставна опција, која што може да биде подеднакво секси. И тука, одлично ќе ви послужат свеќи, вино или шампањ, музика и малку пена…

Листа на желби

Земете молив и парче хартија и започнете да запишувате се’ што ќе посакате да пробате. Самиот разговор ќе ве доведе во секс расположение, а некои работи можете да ги испробате веднаш, како на пример, некоја нова интересна поза.

Гледање порно

Одморете се од омилените серии и филмови и погледнете нешто друго. Можеби ќе добиете инспирација за нешто ново, што сте го заборавиле на списокот. Исто така, експертите тврдат дека гледањето на порно филмови може многу да ги подобри сексуалниот живот и комуникацијата.

- Реклама -