Домашен SOS: Моќен зачин кој ја отстранува забоболката за 2 минути

Забоболката, има „непријатна“ навика ненадејно и најсилно да не погоди во ниедно време, обично во средина на ноќта или кога сме километри оддалечени од најблискиот стоматолог.

Но, за омразената забоболка постои одличен домашен лек кој делува како антисептик и анестетик.

Спасот за непријатната остра болка во забот е каранфилчето, зачин со сладок-кисел вкус кој има и бројни лековити својства. Поточно, каранфилчето содржи еугенол- моќен анестетик и антисептик кој ја прекинува болката, а истовремено ја чисти устата и одамна е користен за отстранување на лошиот здив.

Постојат три начини на кои можете да се ослободите од забоболката со помош на каранфилче.

1. Прав од каранфилче

Прво, исплакнете ја устата со топла солена вода. Земете малку каранфилче и ставете го на местото на забот кој ве боли и помеѓу образот. Почекајте малку и домашниот лек за забоболка би требало да ја покаже својата моќ.

2. Цело каранфилче

Исплакнете ја устата со топла солена вода. Земете две или три каранфилчиња и ставете ги во устата во близина на областа која ве боли и почекајте малку да омекне. Откако ќе омекне лесно (колку што ви дозволува забоболката) џвакајте ги за уште повеќе да ги пушти неговите лековити масла.

3. Масло од каранфилче

Ова е можеби и најефикасниот начин за користење на каранфилчето против забоболката.

Што ви е потребно:

– Масло од каранфилче

– Стапчиња за учи или топчиња памук

– Половина лажица маслиново масло

Начин на употреба:

Устата исплакнете ја со топла солена вода. На тој начин ги подготвувате непцата кои, така исчистени подобро го апсорбираат маслото.

Измешајте неколку капки масло од каранфилче со половина лажица маслиново масло. Натопете парче памук во подготвеното масло и ставете го на болното место лесно со нежно притискање. Со цел полесно да пристапите до болното место, можете да користите и стапче за уши. Потопете го во маслото и ставете го диреткно на непцето.

Имајте на ум дека ова е само брз и краткотраен начин за остранување на болката. Не го одложувајте одењето на стоматолог, јадете помалку солена и слатка храна, и редовно мијте ги забите. Но, до тогаш во SOS ситуациите каранфилчето е вашата прва помош.

- Реклама -