VW ги намалува трошоците за одредени модели

Volkswagen планира да ги намали производните трошоци со намалување на бројот на компоненти и моќни агрегати за најпопуларните модели Golf и Polo. Според главниот финансиски директор на концернот, Ханс Дитер Поч, на овој начин до 2018 година оперативната маргина ќе се зголеми од 2,3% на 6%.

Прв „под нож“ ќе се најде бестелерот Golf. Новата генерација на бестселерот ќе се опреми со двојно помалку типови акумулатори и елементи во ентериерот. Идното Polo, пак, ќе се нуди со 30% посиромашен избор на мотори и менувачи. Унификацијата на различни модели над модуларните платформи MQB и MLB исто така ќе продолжи со полна сила.

Ако планот успее, годишниот профит на Volkswagen треба да се зголеми за пет милијарди евра уште во 2017 година. Заштеди нема да се прават само во инвестициите во нови модели, туку и во развој на технологии и модернизација на производството. Германците предвиделе заштеда во просек по 17 милијарди евра годишно во овие области до крајот на деценијата.

- Реклама -