Фејсбук е главната причина за секој трети развод

Звучи неверојатно, но причина за секој трети развод во светот е најпопуларната социјална мрежа, Фејсбук.Овој заклучок е базиран на податоците кои ги доставиле разделените сопружници, обвинувајќи се меѓусебно дека на овој начин ја изнесуваат интимата во јавност, се допишуваат и флертуваат со виртуелните пријатели (најчесто непознати лица) и поминуваат многу време во разговори, игнорирајќи го семејството.

Истражување на адвокатска канцеларија во Велика Британија открива дека дури кај 66 проценти од случаите на развод поради социјалната мрежа, всушност било неверство кај едниот или другиот партнер. Освен тоа, голем дел од корисниците го запишуваат својот емотивен статус, но излегува голем проблем кога сопружникот открива дека неговиот долгогодишен партнер е „слободен“.

Во последно време истражувачите забележуваат и спротивставени ставови кај партнерите, за тоа дали треба да поставуваат фотографии од своите деца, стан, летување, бидејќи лесно може да се случи злоупотреба на информациите.

Истражувањата покажуваат дека жените повеќе сакаат да се експонираат од мажите, а особено мајките сакаат да раскажат како се породиле, како на нивното бебе му излегло првото запче, дека детето има нова играчка, велосипед, умее да скија…

- Реклама -