Совршената маска се избира според типот на кожата, а се испробува на рака

Маската не се препорачува веднаш да се испроба на лицето, туку на подлактицата бидејќи таму кожата е најслична на кожата на лицето.

Ќе видите како кожата реагира, и ако не одговара ќе изберете друга.

Во постудените месеци, кожата има потреба од интензивна нега поради ниските температури, греењето и намалениот внес на свежа храна ја извлекува и онаа мала влажност која кожата успева да ја зачува. Најдобро е еднаш во неделата кожата да ја нахраните со маска која ќе ја поттикне нејзината обнова и ќе ја направи сјајна.

Маската се избира според типот на кожата

Слично како и со кремата, и маската треба да се прилагоди на типот на кожата. Не одговара на секој тип исти состојки поради што кај многумина се јавуваат воспаление, лупење или пак зголемена маснотија.

Маската не се препорачува веднаш да ја нанесете на лицето, туку најдобро е да ја нанесете на внатрешната страна на подлактицата каде кожата е најслична на кожата на лицето, пишува Woman’s Health.

Маска за сува кожа

На сувата кожа не ѝ одговараат миризливите маски бидејќи наразнуваат и дополнително сушат. Не се препорачуваат ни оние на база на глина, сулфур и бензоил пероксид, и екстракт од лимон. Најдобри се маските кои содржат масло и путер, но маслото од чајно дрво треба да се избегнува бидејќи дополнително ја суши. Одлични состојки се шеа путерот, глицерин, масло од кајсија и масло од јојоба бидејќи ја хидрадираат кожата.

Маска за масна кожа

За разлика од сувата кожа, масната бара маска која го апсорбира вишокот на масло. Најдобар избор се маските со основа на морска сол, лековита кал и глина.

Маска за чувствителна кожа

Чувствителната кожа реагира веднаш и споро заздравува, поради тоа вистинската маска за лице треба внимателно да се избере. На ваквиот тип на кожа одговара камилица, краставица и алое вера. Тие состојки го намалуваат воспалението и ја хранат кожата.

Маска за комбинирана кожа

На комбинираниот тип на кожа одговара маска која ги чисти мртвите клетки на кожата, но да не биде премногу агресивна за лицето. Најдобар избор се оние кои хидрадираат, а имаат ниска концентрација на киселини. Добар извор се комбинациите на бадемово масло и млечна киселина која не предизвикува иритација.

- Реклама -