Светска премиера на компактниот Опел Корсован

Opel ќе има светска премиера за субкомпактниот Corsavan за време на автосалонот Брисел 2015, кој ќе се одржи од 16 до 25 јануари. Opel Corsavan доаѓа само три месеци по дебито на петтат генерација на Opel Corsa, во Париз.

Како што се наведува во соопштенијата од Риселскајм станува збор за пргав и функционален ван за градски испораки, базиран на новата Corsa со три врати, кој ја комбинира удобноста, безбедноста и динамиката од патничката изведба со транспортниот капацитет на мало комерцијално фургон возило.

Тој веќе може да се нарача и ќе биде достапен во дилерство на брендот во првото тримесечје од оваа година.

- Реклама -