Човештвото е 44% поблиску до апокалипса

Ново истражување откри дека човечката цивилизација преминала 4 од 9-те планетарни „црвени линии“ неопходни за човештвото да опстојува во мирна и безбедна атмосфера. Со други зборови, поблиску сме за 44% до апокалипсата.

4-те граници што човештвото се осмели да ги премине се: климатска промена, нарушен интегритетот на биосферата, промени на копнениот систем и алтернирани био-геохемсиски циклуси.

Истражувањето беше спроведено од тим научници предводени од Стив Карпентер, директор на универзитетот на Висконсин – Медисон центар за лимнологија. Во обид да го опише размерот на шокантното откритие, тој вели: „Ги достигнуваме и надминуваме биофизичките граници што и овозможуваат на човечката цивилизација – каква што ја знаеме, да постои“.

Според него, до пред околу 100 години, Земјата била во „стабилна состојба“, позната како Холоцен – период во кој се случило „се што е важно за цивилизацијата“. Сепак, пробивањето на планетарните лимит очигледно значи дека овој период на стабилност е веќе на самиот крај.

Објаснувајќи ги промените, Карпентер вели: „Ги променивме азотните и фосфорните циклуси повеќе од било кој друг елемент. Зголемувањето се движи во рамките на 200 до 300 проценти. Од друга страна, емисијата на карбон и гринхаус гасови е зголемена за 10-20% и погледнете какви се промени предизвика во климата“.

Тој исто така наведува дека постои и глобален дисбаланс на елементи на Земјата, како на пример тоа што Америка има области богати со азот и фосфор, додека Африка има сериозен недостаток од истите, кои се важни за продукцијата на храна.

Околу тоа што ќе се случува во иднина, Карпентер вели: „Можеби е возможно човечката цивилизација да опстане надвор од холоцените услови, но никогаш претходно не е испробано. Од друга страна, знаеме дека цивилизацијата може да опстане во холоцени услови, па би било мудро да се обидеме и да ги задржиме“.

- Реклама -