Хотел во кој температурата на собите е -7 степени

Оваа година се навршуваат 25 години од создавањето на првиот леден хотел во Шведска.

Секоја година во градот Јокасерви уметниците и архитектите работат заедно за да дизајнираат и изградат неверојатни хотелски апартмани, направени во целост од мраз.

1(931) 2(980)

Секој од нив може да се пофали со уникатни декоративни мотиви, а најдобриот дел е тоа што посетителите можат всушност да преноќат во нив.

3(925) 4(864)

Гостите секогаш се добредојдени, а мотото на ледениот хотел гласи: „Не е важно колку ладно станува надвор, внатре никогаш нема да биде помалку од -7 степени”.

5(50) 7(576)

Пред да си легнете, задолжително треба да се облечете во најзимската облека, да стави капа врз ушите и да се замотате добро во вреќа за спиење, советуваат експертите.  Потоа можете да се релаксирате на креветот од мраз , покриен со дебел душек и еленски кожи.

8(479) 9(428)

- Реклама -