Колорит за ексцентрици

Дизајнерите за ентериер, не изненадија со неверојатни комбинации на бои, што ги предлагаат за оваа година.
Интересениот микс од нијанси ќе ги воодушеви храбрите и ексентрични луѓе, па ако имате таков дух, време е за преуредување на домот.

Со зелена обојте ги ѕидовите во дневната соба, а мебелот реставрирајте го во нежна розова. Собата ќе изгледа пријатно и светло. Со интересна маса за кафе, како и ефектни слики на ѕидовите, станот ќе ви изгледа како од каталог.

Тиркизно-црвената комбинација „резервирајте“ ја за спалната соба. Бојата на вино ќе разбуди страст во креветот, а сината ќе ја држи под контрола огнената енергија. Со помош на килимот во стил на истокот, со додадени ситници, кутија за накит, рамки за слики и боја на злато ќе направите да се чувствувате слободно и помалку диво.

Тоалетот со портокалови ѕидови, пинк орманите, завесата и покривката во овие тонови ќе ви измами насмевка на лицето, секој пат кога ќе зачекорите крај него. Овие нијански можете да ги внесете и во дневната соба во комбинација со бела, доколку не сакате премногу да експериментирате.

30a

- Реклама -