Кундалини – енергијата на умот

Верувате ли дека во вашето тело има енергија што може да се разбуди, а потоа да ве претвори во нов човек, кој ќе го гледа светот на поинаков начин? Погледнете што претставува Кундалини енергијата и како можете да ја разбудите.

Што е Кундалини?

Кундалини е енергија која секој човек ја поседува. Обично Кундалини енергијата е во т.н. “Заспана состојба” , затоа и повеќето луѓе не се сомневаат дека постои. Кај некои сепак оваа Кундалини се буди и открива сосема нови можности и чувства за човекот. Будењето на оваа енергија може да е поврзана со пријатни чувства (ако е резултат на медитација или фокусирани напори), но може и да е поврзана со болка (ако Кундалини се отклучи по трауматичен настан за човекот).

energiq-meditaciq-kundalini-chakra-chakri-153356-500x0

Кундалини енергијата не се признава од науката, дури голем дел од практикантите на јога не можат да ја објаснат, бидејќи не ја доживеале. Сепак многумина веруваат дека будењето на Кундалини енергијата секогаш е тест за телото . Причината е дека Кундалини отвора патишта во нервниот систем. Количеството енергија е толку големо што нервниот систем не успева да го собере и затоа човек може да чувствува физичка болка.

Каде е концентрирана Кундалини енергијата?

Кундалини енергијата се наоѓа во чакра во долниот крај на ‘рбетот . Се смета дека при будењето енергијата “поминува” по целиот грб и излегува низ чакра.

Интересно:  Кундалини значи змија, змиска сила или скриена, спотаена (енергија) како змија

energiq-chakra-chakri-kundalini-153357-240x0

Како “се буди” Кундалини енергијата?

Кундалини енергијата може да се разбуди, ако човек почитува некаква дисциплина на духот . Најчесто тоа се случува по долгогодишна редовна медитација. Откако човек ќе ја отклучи Кундалини енергијата, тој доживува нов вид сила во себе. Отклучувањето на Кундалини енергијата се поврзува со нови чувства, емоции и дури предвидувања. Оние кои што ја отклучиле својата Кундалини енергија, велат дека чувството е како во твоето тело има течен оган .

Интересно: Во некои древни текстови од пред 3 000 години се зборува за луѓе кои ја  разбудиле својата Кундалини енергија.

Што се случува откако ќе ја разбудиме Кундалини енергијата?

Се смета дека кога човек ќе ја разбуди својата Кундалини енергија, има верен придружник за време на своето духовно патување и напредување. Оваа енергија ги има своите надворешните карактеристики – човекот изгледа повеќе жив и посреќен.

- Реклама -