Го пронашол оригиналниот рецепт за Џек Даниелс

Велшкиот бизнисменот Марк Еванс случајно дошол до оригиналниот рецепт за производство на виски Џек Даниелс, кој го запишала неговата прапрабаба во книга со билни лекови.

Еванс вели дека е сигурен дека го пронашол оригиналниот рецепт. Тој ја истражувал семејната историја, барал фотографии и останати работи, кога на дното на еден куфер ја пронашол книгата со рецептот. Таа била напишана во 1953 година, а алкохолниот пијалак постои од 1866 година.

Бабата на Еванс, пак, се сеќава дека нејзината баба ја користела таа книга кога правела билни лекови. Интересно е што историјата за создавањето на Џек Даниелс не е позната, бидејќи целата документација поврзана со пронаоѓањето на овој пијалак изгорела во пожар.

Производителите на виското изразиле желба да ја видат книгата во која се наоѓа рецептот, нагласувајќи дека основачот на компанијата е по потекло од Велс.

- Реклама -