2015 е година на овцата – што значи тоа, и кому ќе му донесе среќа?

Според античкиот кинески календар 2014 година помина во знакот на коњот, а следната 2015 година ќе биде предводена од дрвената овца.
Овцата е осмиот хороскопски знак во календарот. Таа претставува просперитет и промени. Иако е смирено животно, според Истокот не ветуваат мирна година, туку напротив – динамична, исполнета со многу падови и подеми.

Бројот 8 е генерално се смета за многу среќен во кинеската астрологија.

Според некои извори 2015 година ќе биде предводена освен од овцата и од козата. И двете тврдења се вистинито. Според фенг шуи, во таква година е добро да го украсете вашиот дом со дрвени елементи. Боите на дрвото – светло и темно кафеава, ќе ја привлекуваат среќата. Успех ги очекува луѓето кои се занимаваат со уметност.

Официјално, годината на овцата или козата започнува на 19 февруари 2015 година. Периодот ќе биде особено среќен за родените во Годината на овцата – 1931, 1943, 1955, 1967, 1979, 1991, 2003.

Прочитај повеќе: Кинески хороскоп за 2015

 

- Реклама -