Зошто појадокот е најважниот оброк во денот

Старите секако биле во право – појадокот навистина е најважниот оброк во денот. Никогаш не треба да го прескокнувате појадокот, доколку сакате да го намалите ризикот од дијабет и претерано дебелеење.

Најновата студија покажа дека луѓето кои појадуваат секој ден имаат помали шанси за вишок килограми, но и за заболување од дијабет. Дури и појадувањето 4 до 6 пати неделно може да помогне – вели Др. Ендру Одегард од универзитетот во Минесота.

Поседувањето редовни навики за исхрана со три балансирани оброци во текот на денот е подобар избор од повременото каснување или прејадување, кое пак води до зголемување на килограмите и шеќерот во крвта.

Во истражувањето биле вклучени повеќе од 5.000 мажи и жени и никој од нив немал дијабет кога го почнале истражувањето. По следење од 18 години дошле и резултатите – луѓето кои редовно појадувале биле со најмал процент на дијабет и со најмала просечна телесна тежина.

Американското здружение за дијабет препорачува исхрана богата со зеленчук, овошје, растителни влакна, грав и риба.

Објавено во соработка со За Здравје.

- Реклама -