Ви се стесни омилениот џемпер при перење? Вратете го во живот со овој трик!

Веројатно на сите, барем еднаш во животот, ненамерно ни било уништено омиленото парче гардероба благодарение на непрвилното перење. Имено, превисоката температура или пак сушалицата знае да ја смали облеката и за неколку броеви. Но, наместо веднаш да се откажете од саканиот џемпер или блуза, дадете им последна шанса со помош на овој трик кој може да ги врати во употреба:

Потребно ви е:

– сад со млака, речиси ладна вода
– омекнувач за алишта (или како замена бебешки шампон или регенератор за коса)
– пешкир
– шпенагли
– даска за пеглање

Постапката е следна:

1. Во садот со млака вода истурете малку од омекнувачот и потопете ја облеката. Оставете да отстои 30-на минути, да ја впие водата и да омекне.

2. Извадете ја облеката и ставете ја на рамна површина, раширена врз претходно поставениот пешкир. Замотајте го пешкирот во ролна, за целосно да ја впие водата од облеката.

3. Со раце убаво истегнете го парчето облека. Постелете го на даската и прицврстете со шпенаглите.

4. Оставете да се досуши, па обликувањето завршете го со пеглање на соодветна температура.

- Реклама -