Кога полицаец ќе ти го разубави денот: Наместо казна, подарок!

Замислете ја оваа ситуација: Возите автомобил на снежен ден. Зад вас, токму она кое најмалку би сакале да го видите  – полициски автомобил кој ви дава знак да застанете. И токму кога се помиривте со фактот дека ова не е вашиот среќен ден, полицаецот ве изненадува со божиќен подарок.

Звучи како шега, но токму ова им се случи на неколку локални возачи од Мичиген. Шефот на полицијата, Стив Букала, им наредил на вработените да се обидат да ги препознаат токму оние кои изгледаат како да имале лош ден, во надеж дека ќе им го разубави.

За подароците биле потрошени вкупно 7000 долари, сметка која била покриена од страна на телевизискиот канал „UPtv Network“ кој прв го прикажал ова видео:

- Реклама -