Кралот на релито станува автопроизводител

Легендата на светското рели, Себастијан Леб, заедно со неговиот тим и со поддршка од неколкo сериозни партнери, отвора нова страница во историјата и ќе создаде цела палета спортски автомобили. Ќе се нуди уште и програма за други тимови, како и за клиенти.

Екипата Sebastien Loeb Racing, француската фирма SORA Racing и германската инжиниринг компанија ADESS AG основаа за оваа цел претпријатие со заедничко вложување LAS Motorsport. Првата изведба на спортскиот производител со заедничко вложување ќе има тестови по неколку недели. Автомобилот е подготвен во целост, но засега се` се чува во голема тајност, а за него Леб и компанијата нудат засега само неколку рендери.

Базата на LAS Motorsport е во Технопарк во Ле Ман (Technoparc des 24 Heures). Машината не е нова – работата врз неа е започната доста пред официјалното прогласување на партнерството. Станува збор за затворен двосед автомобил, со карбонски монокок, кој ветува леснотија во управувањето и достапна цена во класата.

Автомобилот за кој допрва многу „ќе се зборува“ е варијанта со ознака LMP3, моторот е од Nissan V8, со зафатнина од 5,0 литри, со моќност од 420 КЅ. Има и опција LMP Challenge со моќност од 500 КЅ. Првата верзија на автомобилот на Леб е за европските и азиските серии на Ле-Ман, втората за тркачките серии од типот VdeV Endurance, DMSB Sports car Challenge или само за секој вљубеник на „коњите“, кои сакаат да вкусат што е тоа прототип „а ла Ле Ман“.

- Реклама -