Откриен е клучниот минерал за женската плодност

Прва студија за влијанието на селенот на женското репродуктивно здравје, покажува дека истиот е исклучително важен во раната фаза на фоликулите.
Ново австралиско истражување од Универзитетот во Аделаида за прв пат покажа дека антиоксидативниот микронутриент – селенот, игра важна улога за зајакнување на репродуктивно здравата жена.

До сега, не беше познато дека селенот е важен и за плодноста на мажите, а во истражувањето беа испитани улогата и местото на кое се собира селенот, како и специфичниот селенопротеин во јајниците.

Инаку, селенопротеините се посебна група на протеини кои содржат селен во својата структура, а за здравје на јајниците се многу важни. Во истражувањето било забележано дека нивото на селен и селенопротеини ги зголемува во големи, здрави јајници, па поради тоа се смета дека игра клучна улога на антиоксиданс во текот на завршниот стадиум од развивањето на фоликулите, осигурувајќи на тој начин здрава околина за јајчените ќелии.

„ Важно е да се нагласи дека селенот во големи дози може да биде токсичен“, вели авторката на истражувањето, Мелани Чеко.

Според неа не смее неконтролирано да се посегне кон суплементите, бидејќи таквото оденсување може да предизвика повеќе негативни последици.

- Реклама -