Најчестите женски лаги во сексот

Лажат сите и лажат секаде, па лажат и жените во сексот. Најчесто користени се следниве:

 

НЕ ГО ОЧЕКУВАВ ОВА
Демек, тоа што се случило вечерта било тотално изненадување и не и се случува често. Едноставно, не можела да одолее на страста. Тоа што е издепилирана, дотерана и носи секси долна облека е само една голема случајност.

НЕ, НИКОЈ НЕ МИ НАПРАВИЛ ТАКВО НЕШТО СО ЈАЗИКОТ, ПРЕД ТЕБЕ
Освен можеби претходните партнери. Сеедно, функционира, а тоа што партнерот подобро се чувствува може да донесе само добро.

НАЈГОЛЕМ ТИ Е ОД СИТЕ ШТО СУМ ГИ ВИДЕЛА
Подобро не ни прашувајте. Битно е да си ја „сработите задачата“ и двајцата да уживате. И онака нема да ја добиете вистината.

ОБОЖАВАМ КОГА ТАКА МИ ЗБОРУВАШ
И зборувате безобразно и сте убедени дека ужива во тоа. Таа дополнително ве охрабрува. Се е супер. Се додека неочекувано не прсне од смеење. Ви преостанува да се смеете и вие, а друг пат, бирајте ги зборовите.

o-WOMAN-SHUSH-facebook[1]

ДА, БАШ ТАМУ
А вистината е „малку полево и побрзо“. Не е секси. Од друга страна, со вакви добронамерни лаги тешко се стигнува до оргазам.

СЕ РАЗБИРА ДЕКА МИСЛАМ НА ТЕБЕ ЦЕЛО ВРЕМЕ
Не сте вие криви што Холивуд врие од секси ѕвезди. Сеедно, вашата фантазија е тајна на која имате право, се додека е само фантазија.

ТИ СИ НАЈДОБАР ОД СИТЕ СО КОИ СУМ БИЛА
Ако настојувате да бидете најдобар, тоа и ќе ви го каже, макар вистината била и сосема поинаква. Важно е само да бидете и двајцата задоволни. Да сте најдобар е успех, ама тоа не го менува фактот дека некаде надвор има подобар од вас. Ако егото ви се потпира исклучиво на тоа, тешко вас.

БАШ СИ СЕКСИ ДОДЕКА СВРШУВАШ
Во моментот на кулминација, да. Ама ако подоцна се сети на изразот на вашето лице, очекувајте да се изнасмее.

НЕ Е ПРОБЛЕМ. СЕ СЛУЧУВА
Ако не му оди, подобро е безболно да излажете, отколку дополнително да му го повредите егото.

СВРШИВ!
Ако не сте внимавале во спорниот момент, никогаш нема да знаете.

- Реклама -