Клучот за долга младост цело време ни бил на дофат… Тешко дека ќе погодите што е

Сара Смит тврди дека го открила еликсирот на младоста. Се работи за…

… Вода.

Сара страдала од силни главоболки и постојан замор, па решила да направи експеримент – да се обиде да пие повеќе вода и да види дали тоа ќе има некаков ефект. Па така, цел месец, таа пиела по 3 литри вода на ден, а иако нејзините очекувања биле насочени примарно на здравјето, резултатите покажале сосема неочекувани (за Сара) подобрувања. Имено, нејзината кожа изгледала многу помлада и поздрава отколку кога го почнала експериментот.

sarah smith
Пред и после

Иако експериментот беше објавен во The Daily Mail, мнозинството остана скептично. Дерматологот Џошуа Зајхнер, за Cosmo US, вели: „Не постои убедлив доказ дека осум (или повеќе) чаши вода на ден навистина ја подобрува текстурата и тенот на кожата“. Тој смета дека „ефектот“ што се гледа на фотографијата може да е само резултат на подобро осветлување.

Од друга страна, Д-р. Џо Синкота, кој стои зад неколку познати производи против стареење, додава дека дехидратацијата може да ја оштети кожата. Таквата кожа изгледа „рамна и со мали, триаголни линии“. „Со текот на времето, кожата ја губи способноста да ја задржува водата, па дехидратацијата е честа“, објаснува Синкота.

- Реклама -