Најмалиот стан во Сан Франциско – 20 кв.м за 1 425 долари

Недвижностите во Сан Франциско стануваат се поскапи и помали. Curbed го претстави најмалиот стан во градот во моментов – тој има само 20 квадратни метри и е именуван како мини-студио.

Има една соба, во која не може да собере повеќе од еден кревет. Кујната е сосема минијатурна – во неа има мал мијалник и еден шкаф. Нема место за шпорет.

Од фотографиите не станува јасно дали во собата има прозорец.  Киријата на овој имот е 1 425 долари месечно. Ова ги вклучува сите сметки. Имотот се наоѓа во фрекфентен дел на градот.

Еве неколку фотографии:

sf4(1) sf3(1) sf2(1) sf1(1)

sf5(1)

 

- Реклама -