Ова се новите Бонд девојки!

Снимањето на новиот филм на Џејмс Бонд започнува во понеделник, на 8-ми декември а во улога на Бонд-девојки ќе се најдат дури две актерки- Моника Белучи и Леа Сејду.

Улога на агентот 007 повторно ја игра актерот Даниел Крег, а режирањето и на овој филм му е доверено на британецот Сем Мендез.

Насловот на филмот, кој во кината би требало да пристигне во октомври 2015 година, ќе биде „Spectre“, што е името на една терористичка организација од еден од претходните филмови за тајниот агент.

Во филмот ќе играат и австралискиот актер Кристоф Волц и британецот Ендру Скот.

Режисерот денес соопштил дека снимањето на овој филм ќе трае седум месеци и дека филмот ќе биде правен во студиото PINEWOOD далеку од Лондон
и на локации во Рим, Мексико, Мароко и Австрија.

Исто така, се претпоставува дека и новиот модел на Астон Мартин- DB10, е автомобилот кој ќе го вози агентот 007 во филмот „Spectre”.

- Реклама -