Maserati Alfieri излегува на пазарот

Maserati својата сериски опција на Alfieri ќе ја лансира на пазарот во 2016 година, потврди маркетинг директорот на брендот за Велика Британија, Џејмс Кауел.
Тој потврди дека и серискиот модел ќе го носи името Alfieri и ќе се нуди како купе и кабриолет. Отворената верзија треба да биде подготвена околу една година по стандардната опција. Maserati Alfieri треба да биде еден од моделите со кои брендот ќе тргне во исполнување на својот план за 7.000 продажби годишно во 2018 година.

Џејмс Кауел меѓутоа, прецизира дека не очекува Alfieri да биде бестселер, туку бренд амбасадор, кој ќе ги  покаже неговите врвни вредности.

– Овој автомобил ќе им конкурира на изведби како Jaguar F-type или Porsche 911, кои се вистински бисери во своите гами, но ќе биде уште поексклузивен и попосебен од нив, коментира тој.

Maserati Alfieri ќе користи модифицирана верзија на платформата, на која се вградуваат седаните Ghibli и Quattroporte. А, палетата на мотори ќе биде претставена целосно од 3,0-литарски мотори со шест цилиндри. Основната опција ќе располага со моќност од 410 КЅ, а следните две модификации кај кои ќе има систем за погон на сите четири тркала, ќе генерираат соодветно 450 и 510 КЅ.

Концептот Maserati Alfieri се појави пред публиката на овогодинешното салонско остварување во Женева. Моделот го носи името на еден од основачите на брендот – Алфиери Мазерати и е создаден во чест на едновековниот јубилеј на компанијата, кој таа го одбележува оваа година. При претставувањето на автомобилот од Maserati изјавија дека Alfieri презентира дизајн кој бренд ќе користи во следните 100 години.

Во меѓувреме се појавија шпекулации дека брендот Alfa Romeo, кој исто така е дел од концернот Fiat Chrysler Automobiles, ќе користи базата на Alfieri за свој модел. Тој треба да го носи името 6С и да се појави во 2017 година.

- Реклама -