Банка дава 30 000 долари за да го промените светот околу вас

Што би направиле ако ви дадат 30 000 долари и 24 часа време за да направите нешто позитивно за луѓето околу вас?

24 лица добиле единствена можност да го пробаат токму тоа – ефектот од позитивната промена во заедницата во која живеат, благодарение на финансиската поддршка на канадската банка TD Bank.

Луѓето ги добиле парите, биле избрани по номинации од вработените на самата банка, базирани на „повремени разговори со случајни клиенти во филијалите на банката во Торонто”.

Тие добиваат одредена сума, која во просек изнесува 30 000 долари, и 24 часа за да ја употребат најдобро во корист на луѓето.

„ Некои приговараат дека тоа не е доволно време, но според мене дел од целите на кампањата Make Today Matters се крие токму во тоа дека треба да се направи нешто за доста кратко време “, вели Доминик Меркури, кој го предводи одделот за маркетинг на TD Bank .

- Реклама -