Кои бракови издржуваат најмногу?

Постојат различни начини за да се предвиди, колку успешен ќе биде еден брак. Некои прават предвидувања брз база на пари, број на деца, времетраење на односот пред стапувањето во брак.

Факторот за кој ќе зборуваме тука е возраста. Колку блиски се во возраста паровите, толку подолго време ќе останат заедно, покажува едно американско истражување.

Разликата од 1 година во возраста дава 3% поголема веројатност за развод од паровите еднаква возраст. При разлика од 5 години веројатноста е 18% поголема.  Кај 10 години има 39% поголема веројатност за развод. Кај 20 години разлика – со 95%, а кај разлика од 30 години – со 172%.

Според истражувањето, најголема веројатност за здрав брак има кај паровите со иста возраст.

- Реклама -