Виц: Желбата на попот

Еден поп му се молел на Господ. Додека се молел, го прашал:

– „Господе, колку долги се 10 милиони години за тебе?“

– „Една секунда“, одговорил Господ.

Следниот ден, попот пак се молел, па го прашал:

– „Господе, колку многу се 10 милиони евра за тебе?“

– „Еден денар“, одговорил Господ.

Третиот ден, попот пак се молел, па по кратко двоумење, прашал:

– „Господе, може ли да ми дадеш еден од твоите денари?“

– „Секако, само момент“, одговорил Господ.

- Реклама -