7 неверојатни факти за пенисот

Најдолгиот пенис во животинскиот свет го поседува синиот кит, а меѓу животните постојат и „повеќеглави“ или пак бодликави пениси. Но, тоа не е се. Прочитајте уште интересни факти за пенисот во текстот во продолжение.

1. Најголемиот пенис во светот го има Џон Фелкон

43-годишниот Њујорчанец има пенис од 34 центиметри. Тој има добиено безброј понуди за учевство во порно филмови, но ги одбил за да се посвети на „обичната“ актерска кариера.

2. Синиот кит има најголем пенис меѓу животните

Можеби синиот кит и нема толку изразено голем пенис во однос на неговата должина., но сепак, неговата 2,5-метарска должина го издвојува од целото животинско царство.

3. Никој не би сакал да го викаат глушец

Нивните пениси се долги само половина центиметар.

4. Во текот на мисионерската поза, понисот има облик на бумеранг

Научниците откриле дека пенисот има облик на бумеранг во текот на мисионерската поза, додека набљудувале двојка која има сексуален однос во машина за магнетна резонанца. Но, овде не станува збор само за надворешниот дел од пенсот, туку за целокупниот, вклучувајќи го и коренот.

5. Повеќеглав пенис

Голем број на торбари имаат „двоглав“ пенис, а ежовите, на пример, имаат пенис со дури четири глави.

6. Многу пениси се бодликави

Во „семејството“ на мачките постојат бодликави пениси кои ја гребат вагината на женката во текот на сексот за да стимулираат овулација.

7. Пенисот се собира доколку не се користи

Без редовна ерекција, ткивото на пенисот може да постане помалку еластично и да се собере. Пенисот може да стане пократок за центиметар или два, тврдат докторите на интернет страната WebMD.

- Реклама -