Демо видео во прво лице од најголемиот ролеркостер во изградба, на светот

Отварањето на највисокиот ролеркостер во светот е закажано за во 2017-та, но еве прекрасна прилика да видиме како ќе изгледа возењето.

Новиот ролеркостер, наречен The Skyscraper, ќе биде отворен во Skyplex во Орландо, Флорида. Ќе биде висок 163 метри и ќе има уникатна форма, во облика на кула околу која ќе биде намотана траката, а возењето ќе трае цели 4 минути, надоле, без застанувње. Колите ќе забрзуваат од 0 до 205 километри за 3.5 секунди!

rolerkoster

Од US Thrill Rides, дизајнери на ролеркостерот, велат: „Уникатниот дизајн ќе значи поневеројатно возење, со поадреналински внатрешни и надворешни превртувања, падови, спирали и инверзии во вертикалната област , од било кои други возења на ролеркостер што луѓето до сега ги искусиле“.

Зборовите се излишни, кога при рака имаме демо-видео во прво лице. Едноставно, мора да го видите:

A сега искрено, би се качиле ли вие на The Skyscraper?

- Реклама -