Паметни обетки ги следат пулсот и движењата

Канадска фирма разви паметни обетки, способни да ги следат пулсот и движењата на дамите.

Накитот на изглед по ништо не се разликува од традиционалните украси.

Но, тој е опремен со сензори, кои што даваат корисни информации за здравствената состојба на неговата сопственичка.

Се работи за дело на компанијата Biosensitives technologies, кое што  чини 110 долари.

Обетките се поврзуваат преку Bluetooth 4.0 компатибилен уред со оперативните системи iOS или Android на смартфоните и таблетите. Според пронаоѓачите на артиклот Еar-o-Smart ова се првите паметни обетки.

Тие ги контролираат пулсот и калориите благодарение на сензори што се монтирани во нив. Уредот може да биде или вграден  или прикачен на различни видови обетки и камења.

ear-o-smart01

- Реклама -