Лесна вежба го тера умот да работи на поинаков начин

Имате ли 15 минути слободно време?

Не брзајте да кажете  „не“ доколку сакате да напредувате во кариерата, бизнисот и комуникацијата.

При добра волја секогаш можете да најдете време за овие 15 минути, колку што трае оваа лесна вежба. Таа ќе ви овозможи да започнете да гледате на друг начин на умствените способности.

Еве како се одвива:

1. Земете 4 бели листови.

2. На првиот напишете нешто со раката со која вообичаено пишувате, од лево кон десно.

3. На вториот – пак со истата рака, но во спротивна насока, од десно кон лево.

4. На 3-тиот и 4-тиот лист повторете го истото, но со другата рака.

Првиот лист  е насоката кон која треба да се држите, за да ги испишете преостанатите три листови. Повторувајте ја оваа вежба секој ден, додека не почувствувате дека почнувате да мислите на друг, повеќе креативен начин. Целата тајна е во тоа дека вежбата, забавна како игра тера ги да проработат и оние области во мозокот кои обично бездејствуваат во секојдневниот живот. Тренирањето наскоро ќе ви го обезбеди оној капацитет што е од значење за донесувањето на нестандардни решенија и отворањето на брзи и ефикасни излези и од најсложените ситуации.

- Реклама -