15 совети за љубовта и животот од Бредли Купер

US-ENTERTAINMENT-GOVERNOR'S AWARDS

Миленикот од Hangover Бредли Купер е поврзуван со Џенифер Анистон, Рене Зелвегер и Зое Салдана и токму во моментов за светските магазини тврди дека научил како треба да се однесува со припадничките на понежниот пол.

Еве ги неговите правила за љубовта и животот воопшто, по кои ќе посaкате да сте негова или едноставно препорачајте ја статијата на вашиот партнер!

1. Изнесувањето на деталите од врската пред другарите е непотребно. Можам да раскажувам за моето семејство, за минатото, но за партнерката нема потреба.
2. Кога сум вљубен неможам да тргнам поглед од саканата. Едноставно, јас сум како мало дете кое постојано буквално зјапа во саканата.
3. Не треба да се генерализира. Животот е комплициран. Луѓето различно постапуваат според различни причини и тоа треба да се зема во предвид.
4. Неопишливо е чувството кога можеш да решиш нечиј туѓ проблем. Мојата католичка вероисповед ми налага да помагам, а ако кажам „не“ потоа имам грижа на совеста.
5. Не секогаш ми успева, но јас уживам да готвам. Се сеќавам дека со мојата баба правевме домашна паста. Ми се допаѓа идејата нешто да земеш од фрижидерот и да го преобразиш во нешто друго, притоа и вкусно.

Прочитајте и:  Ботаничко дуо | Софка и Дани

bredli
6. Со годините расте и самоувереноста. Во мојов случај увереноста е поврзана со моето сознание дека се помалку личам на другите членови од моето семејство.
7. Доколку те има во списание, не значи дека си популарен.
8. Се што посакувам е соработка со големи режисерски имиња и оригинални актери – колеги.
9. Доколку некој е вљубен во вас тоа веднаш ќе го почувствувате. Како? Не знам – најверојатно затоа што тоа е магија, чудо, хемија.
10. Мажите се однесуваат како пауни. Тие секогаш го шират опашот за разлика од жените. Едноставно тие сакаат да бидат на пиедесталот.

kuper
11. Кога би имал нереална моќ веднаш би ги изучил сите светски јазици, а потоа и свирење на сите музички инструменти.
12. Не делете го светот на црно и бело. Додадете колорит!
13. Додадете доза хумор во животот. Во се можете да најдете нешто смешно.
14. Бидете искрени и поразлични, тоа е клучот кон среќата и секако сакајте се.
15. Не придавајте значење на сечие и секакво мислење. Важно е да останете доследни себе си.

 

 

 

- Реклама -