15 пронајдоци инспирирани од научната фантастика

exoskeletonМобилните телефони, интернетот, па дури и компјутерските вируси и атомската бомба многу пред да бидат измислени, биле опишани од визионерските писатели на научна фантастика од кои инжинерите црпеле инспирација за да ги реализираат нивните идеи во реалноста. Погледнете на кого се треба да му бидете благодарни за некои од придобивките, но и негативностите на модерната технологија.

Мобилните телефони, интернетот, па дури и компјутерските вируси и атомската бомба многу пред да бидат измислени, биле опишани од визионерските писатели на научна фантастика од кои инжинерите црпеле инспирација за да ги реализираат нивните идеи во реалноста. Погледнете на кого се треба да му бидете благодарни за некои од придобивките, но и негативностите на модерната технологија.

15. Мобилни телефони
t-mobile-blackberry-pearl-flip-8220-samrtphone_copy
Кога беше произведен првиот флип мобилен телефон, многумина искоментираа дека тој изгледа како комуникаторите во Ѕвездени Патеки. Тоа не е случајно. Мартин Купер, изумителот на првиот мобилен телефон, бил инспириран од гаџетот на капетанот Кирк во смислувањето на целиот концепт за портабл телефон.

14. Подморница
14-submarine-300x150
Иако подморниците биле користени во битките уште во Американската Граѓанска војна (во 1864 за првпат), кога Жил Верн ја објавил „20.000 милји“ под морето, инженерите почнале да размислуваат за понапредни подводни возила кои ќе нурнат уште подлабоко во морето.

13. Електронски читачи на книги
13-ebook-reader
Во повеќето научно фантастични дела, хартијата е дел од минатото, а некои од најновите гаџети одат кон тој правец. Сопствениците на читачите на е-книги како што е Kindle треба да му бидат благодарни на Даглас Адамс што во „Автостоперски водич низ галаксијата“ прв опиша мобилен читач на книги кој не користи хартија.

12. Егзоскелет
12-exoskeleton-300x236
Можеби најславната сцена од вториот дел од филмот Осми патник е таа кога Рипли спасува мало девојче користејќи хидрауличен егзоскелет. Некој изгледа фаќал белешки, бидејќи неодамна инженерите открија егзоскелет кој му помага на човекот да подигне 90 килограми како да се пердув. Еден пронаоѓач во Јапонија отиде чекор понатаму и креира функционален егзоскелет речиси идентичен на тој во филмот.

11. Домашно кино
11-home-theater-300x150
Во романот Фаренхајт 451 на Реј Бредбери имаше многу малку визионерска хај тех технологија, со исклучок на специјалните соби во домовите на луѓето во кои има големи телевизиски екрани на повеќе од еден од ѕидовите заедно со сараунд системи. Денес, истото може да се види во многу домови, само што сега ги викаме „домашни кина“.

10. Компјутеризирано преведување
10-translation-software
„Вавилонската рипка“ (Babel Fish) не беше случајно избрано име со кое AltaVista го нарече нивниот софтвер за веб преведување. Ова, всушност, беше името на еден вонземски вид во Автостоперскиот водич низ галаксијата со чија помош можеше да се преведе кој било јазик откако рипката ќе се најдеше во увото на некого.

9. TASER – електричен пиштол
09-taser-300x150
Кога Џек Ковер го разви својот прв прототип за помалку смртоносната алтернатива на пиштолите, тој го нарече со акронимот кој стои за „Thomas A. Swift’s Electric Rifle“. Ковер го избра тоа име според херојот на научно фантастичната романи кои ги читал како дете, во кои во еден од нив имало „електрична пушка“ што се користела за ловење.

8. Компјутерски вируси
08-computer-virus-300x271
Никој не вели дека научната фантастика била инспирација само за добри пронајдоци. Кога истражувачите случајно го создале првиот компјутерски вирус во 1975, тие го опишале како „црв“ (worm). Терминот бил земен од романот на Џон Бранер – The Shockwave Rider, во кој е опишана тенија која ги инфицира сите компјутери во светот.

7. Сателити

07-satellite-300x150
Edward Everett Hale прв ја разработи идејата за сателит во неговиот краток расказ The Brick Moon, но познатиот писател на научна фантастика Артур Кларк беше првиот кој предложи сателитите да се користат за масовна комуникација. Тој напиша статија во 1945 во која опишуваше направи за комуникација кои ќе кружат во орбитата и ќе се користат за побрза, глобална комуникација. После седум години беше лансиран Спутник.

6. VCR/DVD плеер
06-dvd-player-300x260
Додека целиот свет му се восхитуваше на чудото на подвижните слики во 1890, Х.Џ. Велс веќе размилсуваше за начинот како тој би ги направил подобри. Така, во еден момент во неговиот роман Кога заспаниот се буди, еден човек открива машина на која можат да се складираат и гледаат филмови за забава.

5. PDA или џебен компјутер
05-pda-300x150
Во 1974, кога повеќето компјутери беа толку големи што можеа да се сместат во неколку соби, [[Larry_Niven|Larry Niven]] замислуваше џебна верзија во The Mote in God’s Eye. Функцијата на „џебните компјутери“ најмногу беше за математички калкулации и белешки, но кога на тоа ќе се додаде функцијата за коминицирање, постои можност Niven да го опишал
идниот Ајфон или Blackberry.

4. Роботи
04-robot-300x150
Идејата за создавање вештачки живот постоела со векови, но терминот „робот“ за прв пат бил искористен од Карел Чапек во драмата R.U.R. Сепак, за прв пат во 1927 луѓето почнале да ги гледаат роботите како хуманоидни машини кои можат да бидат контролирани од програмерот – после гледањето на филмот на Фриц Ланг – Метрополис.

3. Патување во вселената
03-space-travel-300x150
Иако книгата од 1865, Од Земјата до Месечината, требало да биде комична, Жил Верн, направил сериозни пресметки за да ја направи веродостојна неговата приказна за тројца луѓе кои се обидуваат да отпатуваат на месечината. Некои од неговите теории и равенки се покажале изненадувачки точни и слични на оние кои се користеа на Аполо мисиите, а тој исто така точно предвидел дека има бестежинската состојба во вселената.

2. Интернет
02-internet-300x150
Неуромансер, романот на Вилијам Гибсон, истовремено го постави темелот на сајберпанк жанрот и на интернетот (или поточно World Wide Web). Во  дистопискиот свет на неговиот роман, речиси секој може да има пристап до глобалната компјутерска мрежа користејќи се со специјален интерфејс во мозокот, што овозможува секој на планетата да може да разменува информации во истиот момент. Ви звучи познато?

1. Атомска бомба
01-atom-bomb-300x150
Не е тешко да се замисли голема експлозија, но Robert Cromie ја замислил така детално што таа можела да стане реалност. Во книгата The Crack of Doom, тој пишуваше за оружје кое се користи со енергијата на атомот за да уништи територија од околу 5 000 км2. Четири декади подоцна започна Менхетн проектот за развивање на првата атомска бомба.

- Реклама -