15 поучни мисли на големиот писател Ернест Хемингвеј

Писателот со авантуристички дух, Ернест Хемингвеј, добитник на Пулицеровата награда за романот „Старецот и морето“ во 1953 и Нобеловата награда за книжевност една година подоцна, месецов го   прославил својот роденден.

Хемингвеј нам ни остави во аманет многу поучни мисли за животот, љубовта, успесите… Ве потсетуваме на дел од нив.

1. На човекот му се потребни околу две години да научи да говори и околу 50 години да научи да молчи.

2. Грдите жени стареат побрзо од убавите – тие преминуваат од сенка во темнина.

3. Колку што се писателите подобри, толку помалку се говори за она што го напишале.

4. Човекот не е создаден да биде победен. Човекот можат да го уништат, но не и да го поразат.

5. Секогаш можеш да пишуваш ако луѓето те остават на само и не ти пречат. Но, сепак најдобро е да пишуваш кога си заљубен.

6. За многу мажи, војната е најважниот момент во нивниот живот. Таа ја заменува нивната креативност.

7. Идеалист е човек кој што знае дека розата мириса поубаво од морковот, па според тоа заклучува дека чорбата од роза е повкусна од онаа од морков.

8. Има луѓе кои слушаат ехо, па помислуваат дека самите произвеле оригинален звук. Има луѓе кои што говорат и говорат – се додека најпосле не успеваат да кажат нешто.

9. Луѓето кои немаат со што да се фалат, се фалат со својата несреќа.

10. Кога луѓето се согласуваат со мене, секогаш имам чувство дека сум погрешил негде.

11. Човекот мора да биде заљубен во една жена, за да создаде основа за пријателство.

12. Младоста ја имаме за да правиме глупости, а староста за да жалиме за тие глупости.

13. За моралот знам само дека после моралното се чувствувате добро, а неморнално е она после кое што се чувствувате лошо.

14. Многу не понижуваа, но не можеа да не понижат.

15. Мораме да се навикнеме дека на најважните крстосници не пронаоѓаме секогаш знаци.

- Реклама -