Во последните 24 часа се направени 2.802 тестирања, а регистрирани се 15 нови случаи на КОВИД-19, информира Министерството за здравство.
Новозаразените се од:
• Кичево – 5
• Скопје – 4
• Тетово – 3
• Прилеп, Охрид и Делчево – по 1.
Во последните 24 часа нема регистрирани нови починати лица.
Регистрирани се 14 оздравени пациенти од:
• Скопје – 11
• Куманово, Гостивар и Кичево – по 1.
Досега во земјата се направени вкупно 841.125 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.583, бројката на оздравени пациенти е 149.690, на починати е 5.472, а бројот на активни случаи изнесува 421.
Во однос на вакцинацијата, според податоците на Министерството за здравство, досега се аплицирани вкупно 458.131 дози вакцини. Ревакцинирани се 195.048 граѓани.
Вчера вкупно се вакцинирале 5.611 граѓани, од кои прва доза примиле 3.606 граѓани.
Со последните бројки, 48% од населението над 70 години, 42% од населението над 65 години, односно 36% од населението над 60 години, има примено барем една доза вакцина.
Досега на vakcinacija.mk се пријавиле 452.093 граѓани.