Што очекуваат жените од првиот секс?

Првиот секс со нов партнер е секогаш чуден. Повеќето жени го знаат тоа, па не очекуваат се да помине совршено. Тие претпоставуваат дека сексот ќе биде несмасен – некој ќе добие лакт во челото додека се превртувате и менувате позиции. Но истовремено, жените очекуваат сексот да биде див, во позитивна смисла, исполнет со страст, возбуда, неодолевање.

Во однос на времетраењето… Жените знаат дека кратко ќе трае, но никогаш нема да го обвинат партнерот ако тоа му се случи првиот пат кога имаат секс. Едноставно се случува. Жените знаат дека сексот со нова жена е исклучително задоволство за мажот и дека не треба да се очекува од него долго да се воздржува. Во согласност со ова, жените ретко очекуваат дека тие лично ќе постигнат оргазам. Не дека не е возможно, и не дека првиот секс не е доволно возбудлив и за нив, како и за мажите, туку баш заради фактот што веројатно ќе немаат доволно време за да стигнат до кулминацијата. Статистички, шансите се мали тоа да се случи.

„Сеедно, првиот секс со нов партнер е едно од највозбудливите искуства што животот може да ги пружи, а кога ќе го почуствуваме тоа тврдо нешто во машките гаќи и кога знаеме дека целосно ќе ни биде на располагање… тоа е едноставно жешко. Можеби вие не сфаќате, но ние сме исто така нетрпеливи да ве видиме голи, како што и вие сакате да не видите нас. И патем, кога се ќе заврши и кога ќе се упатите накај купатилото… дефинитивно ви го меркаме газето“, признава женскиот дел од екипата на Men’sHealth.

- Реклама -