Оглас: Продавам Југо

Продавам Југо, 89′ годиште… можда и постаро, не знам точно кога е крадено. Нови делови од пеглица + осовина од мотокултиватор.

 
Главни карактеристики:

– Греење на задното стакло, за да не ви студи на рацете кога ќе го буткате
– Забрзува до 100км/ч за 10 секунди (кога ќе го фрлите во провалија)
– Мотор од пеглица со 5 коња и 2 магариња
– Прв сопственик, по кражбата
– Специјална боја – пола бела, пола ‘рѓава
– Не ви треба сообраќајна дозвола (нема да отидете доволно далеку)
– Фарови од трабант, оригинал
– Ауспух од BMW (од 1984г.), малку пробиен
– Тумбано само еднаш. Не се рачунати 15 бочни превртувања. Фронтални судари нема, нестабилно е па секогаш се занесува

 
Мали поединости:

– Нежно отварајте ја и затварајте ја вратата, за да не ви остане во рака. Истото важи за мењачот, воланот и педалата за гас
– Не се потпирајте на лимот
– Не кочете нагло, ќе ви се откачи ретровизорот
– Не ги користете бришачите, немаат гумички
– Троши доста гориво, особено со дупнат резервоар

 
ЦЕНА: Стварно е ефтино. 50€. Ако не ти се даваат, може и 50$. Со полн резервоар цената е дупло

- Реклама -