Каков пенис би избрале жените (кога би можеле)?

Најновата студија покажува дека жените имаат различни критериуми кога се работи за секс без обврски и кога се работи за сериозна врска.

Студијата е спроведена на универзитетот Калифорнија. Учествувале 41 жена кои имале задача да погледнат и опипаат селекција од 33 вештачки пениси, изработени од 3Д принтери. Моделите биле со иста боја (сина), но со различни форми – обемот варирал од 6-17 сантиметри, додека должината од 10-21.5 сантиметри.

Penis Gummies.jpg

Од понудените модели, секоја жена морала да покаже кој пенис би го избрала за секс за една вечер, и кој за сериозна врска. Резултатите велат дека кога се работи за кратка секс авантура, она што им е важно на жените е обемот, а не должината. Имено, за во таков случај, испитаничките избирале модел со поголем обем, за разлика од оној што го избирале за серизона врска. Од аспект на должината, немало значајна разлика во изборот – и во двата случаја, жените во просек избрале пениси со должина од околу 10.5 сантиметри.

„Вагината е полна со нервни завршетоци кои се многу чувствителни на притисок и стегање и сосема е можно тие сензори да ги детектираат варијациите во обемот на пенисот, а не толку на должината. Подебелиот пенис го притиска клиторисот поблиску до вагината во текот на половиот однос, а се смета дека тоа им помага на жените да постигнат оргазам. Од друга страна, предолгиот пенис може да предизвика болка во грлото на матката“, вели Шенон Ленг, челникот на истражувањето.

 

- Реклама -