Да создадеме навика: Здрав коктел за појадок

Со помош на блендер можете лесно да си приготвите вкусни овошни или зеленчукови мешавини, познати како smoothie. Овие коктели можат да ви помогнат да ги замените чоколадните бонбони кои постојано ви пречат да ја загубите тежина. Одземаат минимално време за подготовка – 1-2 минути. Во пасираните коктели секогаш ќе знаете какви производи сте ставиле и ќе бидете сигурни дека тие не содржат ниту грам конзерванси и „хемија”. Затоа организмот не само што ќе се ослободи од вишокот масни наслаги, туку и ќе се прочисти од токсините и ќе се засити од витамини и корисни материи од овошјето и зеленчукот.

Освен тоа во овие коктели можете смело да додавате ленено семе, пченични никулци, спанаќ, целер и други не особено вкусни, но пеколно корисни производи. Во комбинација со вашиот омилен зеленчук или овошје воопшто нема да го почувствувате вкусот.

Можете да подготвите појадок по ваш избор, од состојките што ги имате во домот.

Во продолжение еве една испробана комбинација:

1 банана

1 чашка јагоди

1 чашка боровинки

2 супени лажички бадемово масло

1 супени лажички семе од чиа

2 чаши незасладено бадемово млеко

И Миранда Кер го започнува денот со здрав коктел за тонус и добра фигура. Некои од состојките се скапи и непопуларни кај нас, но вреди барем еднаш да го пробате утринскиот шејк на Миранда Кер.

1 чашка кокосова вода

1 чашко ладно цедено кокосово млеко

1 лажица пудра од акаи

1 лажица сурово какао

1 лажица Мака

1 лажица чиа семиња

1 ½ лажица оризов протеин.

Сето се меша во блендер и е подготвено за директна консумација.

- Реклама -