Прочитајте што содржи вашата крема – еве со што не труе козметиката

Хемикалиите кои се содржат во бројни козметички производи, се наменети за продолжување на рокот на траење, а водено дел од нив се штетни за нашето здравје.

Што се парабени? Тие се денес синоним за опасност и сериозни болести. Тоа е причина зошто познати компании силно нагласуваат дека нивните производи се без парабен. А што се всушност тие и зошто се наоѓаат во нашите козметички производи?

Парабените се хемиски конзерванси што се користат за да го продолжат рокот на траење на козметичките производи и да го спречат растот на микроорганизми. Во козметиката започнале да се користат во 30-тите години на минатиот век. Од тогаш може да се пронајдат во шампоните, кремите, руменилото…Немаат боја, вкус, ниту пак мирис.

Произведувачите ги сакаат бидејќи се евтини и овозможуваат нивните производи да траат подолго. Но, здравјето не ги посакува. Бројни истражувања покажуваат дека се многу штетни, а пред две години било спроведено големо истражување кое ја вознемирило светската јавност. Имено, тоа било првото истражување кое ја открило поврзаноста меѓу парабенот и ракот на дојка. Научниците предупредуваат дека е неопходно да се спроведат дополнителни истражувања со цел да се откријат точните причини за поврзаноста меѓу опасните хемикалии и развојот на канцерогени ќелии.

Поради лошиот „углед“ парабенот започнува да се избегнува последниве неколку години, па затоа сега се нагласува дека „производот не содржи парабен“.

- Реклама -