За прв пат Маserati заработи повеќе од Ferrari

Токму така, иако станува збор само за третиот квартал на 2014 година, но тоа се случува за прв пат во историјата на двете компании, што секако заслужува внимание. Многу повеќе, има потенцијал тоа да не остане единствен случај, бидејќи се поклопува со фактот дека Ferrari излегува на берза.

Велат дека за се` нешто има прв пат. Е, ова важи и за Maserati, кој за прв пат од 1993 година, откако Fiat ја купи компанијата, оствари поголема заработка од Ferrari, за третиот квартал од годинава. Оперативната добивка на компанијата е 90 милиони евра, што е повеќе за два пати во однос на истиот период минатата година, кога беа остварени 43 милиони евра. За истиот период (јули-септември) Ferrari евидентира оперативен профит од 89 милиони евра. Разликата од еден милион навистина е мала, но е прилика за пофалби за Maserati. Причината за ова веројатно лежи во фактот дека во посочениот период, функцијата директор на Ferrari ја напушти долгогодишниот координатор Лука Кордеро ди Монтеѕемоло. Сепак, Ferrari се уште е подоходовна од двете компании кога станува збор за девете месеци од годината и има оперативен профит од 274 милиони евра, додека кај Maserati тој изнесува 210 милиони евра.

Но, ако се земе се во предвид и работата во последните години, во 2014, Maserati бележи извонредни постигнувања, дури тројно ги зголеми испораките на нови автомобили, што се должи на новите Ghibli и Quattroporte. За овој период се доставени 26.428 автомобили (или за 7.548 повеќе во однос на лани), додека продажбата на Ferrari се намали за 1%, или пласирани 5.280 примероци.

Финансискиот резултат е последица на веста дека компанијата од Маранело, ќе излезе со 10% од акциите на американската и најверојатно европската берза, а водено доби и злено светло да се одвои од Концернот Fiat.

- Реклама -