Што мисли партнерот за вашето тело кога за прв пат ќе ве види голи?

Трејси Кокс, познат писател кој долги години ги истражува темите поврзани со врските и сексот, издвојува неколку работи кои најчесто им поминуваат на мажите и жените низ главата, кога за прв пат ќе ги здогледаат голи своите партнери.

Што мислат мажите:

1. Ура! Ќе имам секс!

Мажите речиси никогаш не се сигурни дека ќе имаат секс, така што во овој момент се навистина многу среќни.

2. Дали ми е доволно голем?

Мажите ќе ја бараат реакцијата во вашиот израз, за тоа дали сте задоволни од големината.

3. Дали ќе издржам?

Сексот со вас била негова желба долго време, па кога ќе дојде до овој момент притисокот е голем и може се да се случи, па токму затоа го мачи ова прашање.

4. Како и изгледаат градите?

Во моментот кога ќе ви ги здогледа градите, бидете сигурни дека добро ќе ги проучи и ќе процени дали се „по негов вкус“.

5. Каква и е „фризурата“ доле?

Мажите обрзнуваат внимание на ова, но за жените ова е тешко, бидејќи некои мажи сакаат депилирани препони, а други пак не. Не можете да знаете.

nastol-com-ua-911

Што мислат жените?

1. Какво му е телото?

И на жените им значи визуелниот елемент, така што веднаш штом се соблечете очекувате да го проскенира вашето тело и да најде што и се допаѓа, а што не.

2. Кој е позгоден, јас или тој?

Со проучување на телата, жената проценува кој е во подобра форма, таа или вие. И најчесто заклучува дали треба да почне да вежба.

3. Колкав му е?

Да, жените ги интересира ова. Не би сакале преголем пенис од страв сексуалното искуство да не биде болно. Но исто така, не би сакале ниту премал…

4. Има ли ерекција?

Жените ова веднаш го гледаат бидејќи сакаат да знаат дали ве возбудуваат. Ако немате ерекција, веднаш ќе мисли дека нешто не е во ред со неа и дека не прави нешто како што треба.

5. Што мисли тој за моето тело?

Нема да ви го постави ова прашање, но што ќе се најде гола пред вас ќе го прати изразот на вашето лице и ќе се обиде да одгатне што мислите. Нормално, најмногу и се допаѓа изразот кој вели „прекрасна си и многу те посакувам“.

- Реклама -