Кошмарот на сите мажи: Легнуваш покрај девојката, а се будиш…

Замислете само, заминувате на романтичен одмор со својата поубава половина, и после прекрасната вечер, легнувате да спиете заедно, а потоа, се будите покрај нејзината мајка.

Една белгиска здравствена организација сакала на духовит начин да го покаже ризикот кој со себе го носи претераното излегување на сонце. Овој проблем во Белгија секојдневно расте и би било потребно да се зголеми свеста од опасноста од сончевите зраци.

Во рамки на кампањата, одвеле неколку парови на краток одмор, каде уживале и се сончале. Навечер, кога си легнувале да спијат, девојките се пошегувале со своите момци така што во текот на ноќта се замениле со мајките, додека камерата го снимала сето тоа.

Поентата на кампањата била да укаже на тоа како сонцето го забрзува стареењето на кожата и дека девојките набрзо ќе изгледаат како своите мајки.

Погледнете ја пресмешната реакција на нивните дечковци.

- Реклама -