Таа му помогна на просјакот кој денес е милионер

Кинескиот претприемач Хе Ронгфенг денеска е богат милионер, но некогаш одамна тој бил бездомник кој просел.

Додека 38-годишниот бизнисмен живеел на улица, на почетокот на 90-те години, во својот дом го примила жена по име Даи Кингфен.

Заедно со уште двајца бездомници, добродушната жена ги примила во својот дом, ги нахранила и им дала пари за да си купат автобуски карти.

„За време на вечерата таа ни кажа дека не е срамота тоа што сме без пари, и дека треба да тежнееме кон тоа да сме добри луѓе“, се присетува Ронгфенг кој на крајот успеал да се извлече од сиромаштијата. Сепак, тој никогаш не престанал да мисли на жената која му помогнала кога му било најтешко.

После долга и упорна потрага, успеал да ја пронајде. Кингфен денеска е сопственичка на продавница за тестетенини. Ронгфенг после многу години повторно затропал на нејзината врата, но овој пат за да се заблагодари за нејзината помош. Во знак на благодарност тој сакал да и подари чек од 130.000 евра.

Иако скромната жена ги одбила парите, таа го прифатила плакатот на кој Ронгфенг напишал: „Мојата благодарност е голема колку планина“.

- Реклама -