Сакате дожд во дневната соба? Нема проблем! (Видео)

За оние кои не обожаваат премногу да излегуваат од дома, овој јапонски изум е идеално решение. Јапонскиот дизајнер Кен Кавамото, направи уред со мошне необичен изглед, и уште понеобична функција.

Темпескоп, е името на проѕирната акрилна кутија во која се наоѓа водена пумпа, распрскувач на магла, ЛЕД диоди во боја и микро-управувач кој е задолжен за работата на сите овие елементи, пишува Digital Friends.

Уредот безжично се приклучува на интернет и собира информации за надворешната температура која потоа и ја визуелизира во акрилната кутија.

Во зависност од временската прогноза, ЛЕД диодите светат во сина нијанса доколку е ладно, и црвена доколку е топло. Доколку надвор врне дожд водената пумпа ќе се погрижи да го отслика и тоа, а овој производ може и да произведе молњи доколку има невреме.

- Реклама -