Вака се крадат пари на шалтер во банка (видео)

Да не беа камерите, ова можевме слободно да го наречеме „генијален трик“.

Иако лоповот беше фатен малку подоцна, мора да му се признае дека успешно го измами касиерот, на тој начин крадејќи дел од парите. Кога касиерот му ги предаде парите, крадецот реши да ги преброи. Претпоставувате, тоа е дел од планот – крадецот успешно сокри дел од парите во десната рака, додека со левата го враќаше купчето, протестирајќи дека добил погрешен износ. Откако му беше надоместена сумата, крадецот смирено си замина.

Се разбира, кражбата беше забележана по прегледувањето на снимките, а случајот стигна до полицијата, која немаше многу проблеми да го уапси вештиот, но не многу мудар измамник.

 

- Реклама -