Мислите дека знаете сè за вашето тело?

Човечкото тело е неверојатно прецизен и совршен механизам. Еве некои зачудувачки факти кои се случуваат во нашето тело секој ден.

Мускулите во очите се движат околу 100 илјади пати на ден. Тоа е еквивалентно на 80 километри.

Во текот на целиот свој живот човек произведува околу 25 илјади литри плунка. Ова количество е доволно да се наполнат два базени за пливање.

Носот може да запамети околу 50 илјади различни мириси.

Еритроцитите можат да се „прошетаат” по нашето тело за 20 секунди.

Човечкото око е толку чувствително што ако Земјата беше рамна, би можеле да видиме пламен на свеќа на растојание од 50 километри.

Околу 90% од клетките не се од „човечко” потекло. Повеќето од нив потекнуваат од разни бактерии.

Мускулите ни се многу помоќни отколку што мислите. Нивната сила е ограничена од природата, за да се избегнат повреди. Ова ограничување паѓа кога во крвта паѓа адреналинот. Познати се случаи кога во екстремни ситуации човек успеал да  поткрене возило.

Очите можат да разликуваат до 10 милиони различни бои и да обработат многу повеќе информации отколку кој и да е телескоп.

Човечкото тело свети во темница, но светлината е 1000 пати послаба од она што нашите очи можат да го согледаат.

Кога човек е вљубен мозокот изработува невротрансмитери и хормони кои се ослободуваат при употребата на амфетамини.

Човечката ДНК се совпаѓа со 50% со онаа на бананите.

Човечкиот мозок е способен да ја произведе потребната количина електрична енергија за полнење на сијалица.

10% од времето, кога не спиеме го поминуваме со затворени очи. Тоа е така, бидејќи трепкаме.

Ако човечкиот мозок беше компјутер тој би можел да извршува 38000 трилиони операции во секунда. Најмоќниот компјутер може да исполни само 0,002% од овој волумен.

Секоја секунда нашето тело произведува 25 милиони нови клетки.

Способни сме да прочитаме до 1000 зборови во минута.

Во текот на нашиот живот ние менуваме 19 килограми кожа.

- Реклама -