Жена доби по грешка прототип на iPhone 6,  го продава на eBay

Клиентка добила прототип на iPhone 6 по грешка, или барем така тврди потрошувачката kimberlyk1018 која што го  продава телефонот на eBay.

Во моментов понудите за купување достигнаа до 89 100 долари. Дамата тврди дека ретката верзија на талефонот кој бил на овој начин пуштен во продажба, и бил испратен откако го обновила договорот со мобилен оператор. Приклучокот за полнење е црвен, каков до сега не сме виделе на iPhone.

Телефонот е бел со 64GB. Тој работи со софтверска верзија која не е ставена официјално. Тоа е и главната причина да има толку понуди за купување. Според огласот, софтверот на телефонот е нова верзија, која во моментов се развива од Apple. Скриншотот  покажува апликации на инженерите кои се уште се наоѓаат на телефонот како „Console” „Sightglass” „Reliability,” и „GrapeCal.”

Интересот за овој телефон би имал конкуренти. Самите Apple теоретски исто така може да наддаваат за телефонот, со цел да си го добијат назад.

Пред две години на eBay беше продаден прототип на Xbox 720 / Xbox One за 20 000 долари.

Видете го огласот тука.

ap1(14)

 

Приклучокот за полнење е црвен

ap2(11)

 

ap3(11)

Ова не личи на iOS8

ap4(9)

- Реклама -