Teст на зимски гуми 2014/2015

И покрај прогнозите за новото претстојно затоплување, на некои делови од планините веќе падна првиот снег и полека доаѓа времето на зимските гуми.

На оние на кои им претстои купување на зимски гуми можеби ќе им биде од корист тестот направен од три заеднички  европски организации – Германското друштво за технички надзор (GTÜ), Европскиот автомобилски клуб (ACE) и Австрискиот авто клуб ARBÖ. Пред исклучително тешките искушенија, на тестовите кои се одржаа на полигон во близина на финскиот град Тампере, беа десет модели, кои според квалитетите се наредени на новата листа на производителите за сезоната 2014/2015. Експертите се одлучија да направат испитувања на една од најпопуларните димензии на гуми 205/55 R16, кој главно се користи за автомобилите од т.н. Golf-класа, односно компактни модели.

Гумите се тестираа на снег, на влажна и на сува подлога при ниски температури на асфалт, а критериумите по кои се оценуваат се допир со тротоарите, сопирање, управливост, отпорност, странично забрзување, ниво на бучавост и отпор. Најдобри се покажаа гумите на четирите светски производители – Continental, Goodyear, Dunlop и Nokian.

Останатите шест модели на гуми кои спаѓаат во првите десет имаат проблеми најчесто со страничната отпорност на влажно, како и со нивото на бучава на суво и растојанието на снег. Максималниот збир од поени, кој може да собере еден модел во рангирањето на ACE/GTU/ARBO е 260. Nokian WR D3 е гумата која се доближува најмногу до овој резултат.

Ранагирањето на 10-те тестирани гуми:

1. Nokian WR D3                         219 поени
2. ContiWinterContact TS 850       205
3. Goodyear UltraGrip 9                204
4. Dunlop SP Winter Sport 4D       202
5. Semperit Speed Grip 2             199
6. Hankook Winter I`Cept RS        196
7. Pirelli Winter Snowcontrol 3      196
8. Vredestein Snowtrac 5             193
9. Brigestone Blizzak LM-32         192
10.Kumho I`Zen KW23                 188

- Реклама -