Начинот на изразување издава психопат

Дали еден човек е психопат може да се утврди ако се истражи неговиот говор, пишува LiveScience.

Секој од нас, говорејќи свесно контролира дел од  своите  именки, глаголи, придавки. Ова сепак не важи за поголемиот дел од зборовите кои ги користиме.

„Најдоброто нешто кај нив е дека се произведуваат несвесно”, вели шефот на истражувањето, Џефри Хенкок, професор по комуникации на универзитетот Корнел.

„Тие ја откриваат психолошката динамика во главите на говорникот, без тој да има идеја за тоа.” Истражувачите интервјуирале 52 лица осудени за убиство, од кои што 14 се прогласени за психопати според прелиминарните психолошки тестови.

Секој од нив треба да го опише детално злосторството што го извршил. Научниците користат компјутерска програма за да ги анализираат нивните зборови, и откриваат дека говорот на психопатите има карактеристики кои не се среќаваат кај останатите. На секојдневниот јазик психопатијата најлесно се опишува како недостаток на „совеста”. Психопатите гледаат на светот инструмент – другиот човек за нив е само средство за постигнување на одредена цел. Тоа се гледа од нивниот начин на зборување: многу почесто користат подчинителни зборови како “зашто” и “за да” кои ги рефлектираат причинско-последични врски.

„Овој модел претпоставува дека психопатите се со поголема веројатност да го разгледуваат злосторството како логична последица на план (нешто што „требало” да се направи, за да се постигне една или друга цел), “забележуваат авторите.

Повеќето луѓе имаат емоционални потреби поврзани со семејството, духовност, реализација, самооценување. Психопатите изразуваат однос најмногу кон основните потреби – анализата покажува дека тие користат двојно повеќе зборови поврзани со физичко преживување, храна и пари. Да се знае дали едно лице е психопат е многу важно за истрагата на едно кривично дело, особено за начинот на кој се распрашуваат обвинетите, вели Хенкок.

- Реклама -