Мажите и женскиот задник

Денес жените се повеќе внимание посветуваат на изгледот на својот задник, затоа што мажите, како што велат експертите, отсекогаш се сконцентрирани на овој дел од женското тело, од една јасна причина.

Женскиот задник, на мажите им е привлечен исто како и градите и колковите, а сите овие делови, припадниците на посилниот пол ги поврзуваат со женската плодност, вели Дејвид Бас, професот од Универзитетот во Тексас.

Но, не секоја позадина им е привлечна на мажите, најголем број машки погледи привлекуваат големите задници бидејќи се јасна сигнализација на здравје и бременост, а често мажите ги поврзуваат и со младоста.

Привлечноста кон женските задници не е секаде иста. 59 проценти од Аргентинците повеќе сакаат голем задник, отколку големи гради, вели истражување на Универзитетот во Буенос Ајрес. Судејќи според резултатите на Универзитет во Лондон, Британците не се најголеми фанови.

На жените најмногу им влијаат познатите ѕвезди.

– Поп културата од ден на ден, се повеќе промовира големи задници. Поради јавните личности како Ким Кардашијан и Џенифер Лопез, жените сакаат да имаат што поголем задник и на тој дел од своето тело да го насочат вниманието, објаснува Ава Кадел, доктор за човекова сексуалност и автор на книгата „NeuroLoveology”.

Што се однесува до полето на сексот и понатаму важат бројни табуа. Како што вели Ерик Гарисон, експерт за сексуални односи и автор на книгата „Mastering Multiple Position Sex”, многумина и денес на аналниот секс му даваат карактеристики на животински нагон.

- Реклама -