Пред студот: Зајакнување на имунилошкиот систем

Црвеното цвекло, дефинитивно е супер-храна.
Првично цвеклото стекнува слава поради високата содржина на шеќер во составот. Темноцрвените луковици на цвеклото можат да се јадат сурови, рендани во  салата, варени или печени.

Друг распространет начин за консумирање е сокот од цвекло. Тој е природно сладок и исклучително корисен за здравјето. За да се засили ефектот на сокот од цвекло и да се подобри неговиот вкус, можат да се додаваат јаболко, морков, како и некои билки.

Еве и еден рецепт за вкусен сок од цвекло:

За пијалокот се потребни половина голема глава цвекло или  помала, два моркови и јаболко. Исечете ги производите на мали парчиња. Со помош на соковник исцедете го сокот од цвеклото. Оставете го да отстои еден час во стаклена чаша во фрижидер. Потоа, во истата чаша додадете го сокот од моркови и јаболкото. Консумираjте го 30-40 минути пред појадок.

Пијалоците од цвекло, моркови и јаболко ги бришат лошите клетки во организмот и го намалуваат нивниот раст. Овој пијалок е многу ефикасен за зајакнување на имунолошкиот систем, елиминирање на токсините и подобрување на работата на цревата.

Црвеното цвекло е со висока содржина на фолна киселина и манган. Лисјата пак (со кои се прават прекрасни пити) се одличен извор на витамините А, Ц и К. Други  материи кои ги добиваме од црвеното цвекло, се калциум, железо, калиум, бакар, сулфур, силициум и хлор. Нивниот благотворен ефект врз организмот се изразува во подобрување на крвните карактеристики, се стимулира производството на црвените крвни зрнца, зголемувањето на нивото на хемоглобинот и подобро снабдување на клетките со кислород.

Сокот од цвекло е еден од најбогатите извори на нитрати. Тој содржи аминокиселини кои му помагаат на телото при синтезата на протеини. Покрај тоа, овој зеленчук содржи и различни антиоксиданси како флавоноиди и каротеноиди.

- Реклама -